ВИДЕО:Нов земјотрес од 5,9 степени ја погоди централна Италија

Уште еден, појак земјотрес го погоди регионот на централна Италија со магнитуда од 5,9 степени. Затворени се патиштата во реонот на потресот, а снема и струја.

Во претходниот земјотрес пред неколку часа во истиот реон, најмалку две лица се повредени. Земјотресот беше со јачина од 5,4 степени, а зад себе остави урнатини и страв.

Најголема штета има во планинското место Усита, јавуваат италијанските медиуми.

 Епицентарот се наоѓал на 68 километри од Перуџа.

Населението во паника ги напуштило своите домови.

Потресот се почувствувал и во гратчето Аматриче, кое во август беше скоро срамнето со земја. Тогаш загинаа 300 луѓе.