Нов интервентен увоз на струја со 600 насто поскапа цена од одобрената

 

Пратеникот на СДСМ од Битола Васко Ковачевски објави дека е објавен нов тендер за интервентен узвоз на струја.

Распишан е нов тендер за интервентен увоз на струја за денеска и утре-рече Ковачевски.

Цената е плафонска, над 600 проценти повисока од одобрената од Регулаторната комисија за енергетика.

За вечер е набавена увозна струја по цена од неверојатни 220 евро по мегават час и тоа ќе ги чини граѓаните 155.000 евра.

Увезената струја за утре и задутре ќе ги чини граѓаните 1.286.000 евра!

За 5 дена, граѓаните на Македонија, поради несериозната власт којашто во студ ги остави без домашна струја ќе платат огромни речиси 2.000.000 евра! (1.905.666 евра).

На граѓаните на Република Македонија, итно им е потребна нова одговорна Влада

-изјави Васко Ковачевски пратеник од СДСМ:

Згора на ова, според последните официјални информации, не само што не е направен еден од блоковите на РЕК Битола којшто не работи, туку има дополнителна хаварија. Пукнати се цевки-информираше Ковачевски.

Ова му се случува на комбинатот, иако се дадени неколку стотици милиони евра пари на граѓаните за наводни поправки и ремонти.

Од РЕК Битола произведува речиси 80 проценти од струјата во Македонија. Поради неодговорните политики на досегашната власт којашто 10 години се занимава со криминални тендери, не работат други енергетски капацитети, како ТЕЦ Осломеј, ТЕЦ Неготино…

Ете затоа граѓаните се во ризик, на минус 20, во време на големиот студ што ја зафати државава, да останат без струја!-рече Ковачевски.