Нов твит на Билд:Ситуацијата е мошне сериозна

Карл Билд само неколку часа по доаѓањето во Скопје , постави нова порака на својот твитер-налог.

„Нема изгледи за крај на уставната криза во Скопје. Разликите во ставовите меѓу политичките партиии се се подлабоки. Ситуацијата е мошне сериозна.“

Тој претходно исто така на твитер го најави своето присуство во Скопје.

„Во раните утрински часови полетување од сончева Болоња. Скопје со Европскиот совет за надворешни односи е дестинацијата за овој ден“.

Карл Билд  е копредседавач на Европскиот совет за надворешни работи. Нема информации со кого разговара во Скопје.