Нутриционистите не препорачуваат банана за појадок

Група нутриционисти направиле истражување дали бананата е добра наутро за замена за вистински појадок.

Резултататите до кои дошле на многумиона од нас нема да ни се допаднат, бидејќи ја преферираме бананата како прв оброк наутро пред да тргнеме на работа.

Таа е едноставна за јадење, не бара миење, лупење и сечкање.

Појадокот е најважниот оброк во текот на целиот ден, а бананата е една од најпрактичните продукти кога брзаме.Не морате да ја миете, лупите, чистите. Само е доволно да ја зграпчите и дури во текот на патување до работното место да ја конзумирате.

Уште  кога сте биле деца, сте  знаеле колку е важно да се јаде овошје, родителите сигурно ви говореле за тоа. Овошјето е богато со влакна и витамини Б и Ц, вкусно и делува како еден вид заштита на организмот.

Меѓутоа нутриционистите дошле до сознание кое нас ни малку не ни се допаѓа.

Покрај горенаведените позитивни страни на ова вкусно овошје, постојат и оние негативните. Најголемиот недостаток на бананата е тоа што содржи доста шеќери дури 25% и киселост која не одговара на ПХ вредноста на нашиот организам и не е добра за него.

Инстантната доза енергија која сте ја добиле од бананите, ќе исчезне со истата брзина како што сте ја добиле. Многу брзо ќе почувствувате глад.

Најдобро би било бананата кога ќе ви биде прв оброк да ја комбинирате со авокадо или кисели јаболки, со додаток на лути зачини како што е ѓумбирот. Оваа комбинација ќе има значајни бенефити за вашиот организам, а ќе помогне во забрзувањето на метаболизмот и нема да доживеете шеќерен шок, како во случај на конзумација исклучиво само на банана.

Нутриционистите советуваат, доколку брзате и немате време да појадувате, секако прескокнете ја бананата на гладен стомак, а како замена земете јаболко кое ќе ви одземе неколку секунди повеќе  додека го измиете или излупите. Но дефинитивно јаболкото е мудро решение наутро како прв оброк пред другите главни јадења.

Подготви: Aнгела Лазаревска