Обвинетиот Сеад Кочан преку ,,Трансмет“ повторно добива тендери за ископ на руда и јаловина

Пред два дена, во петокот, на електронската страница на Биро за јавни набавки беа објавени понудите за ископ на руда . Меѓу тие што конкурирале е и фирмата  на обвинетиот бизнисмен  Сеад Кочан, „Трансмет“ од Скопје, која се јавила на објавен оглас од АД Електрани на Македонија и понудила најниска цена за ископ на јаглен и јаловина за рудниците во Битола .   Друштвото за градежништво, транспорт и трговија „ТРАНС МЕТ ДОО“ Скопје, според податоците објавени од е-акцијата, понудило 44 денари за ископ на оваа руда.

Конечната одлука која фирма ќе го добие тендерот, треба да биде објавена деновиве.

Инаку, по обвинението на СЈО токму за лажирање на податоци во документацијата за тендер за ископ на јаловина во РЕК Битола, на Кочан му беше одреден 30 дневне притвор, по што тој беше неколку месеци во притвор, а се врати во Македонија откако Врховен суд измисли правен лек и му го укина претходното решение за притвор.

Судот на „Трансмет“ му блокираше три сметки, но и со блокирани сметки,  Кочан  во изминатите неколку месеци доби неколку тендери.

Доби тендер од ЕЛЕМ,  во вредност од девет и пол милиони денари во мај, а потоа уште еден во јуни.