Обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи на седницата на Апелациониот суд, побара бомбите јавно да се слушаат во судницата како доказ против Јанкулоска и Груевски.

Фетаи рече дека доказите од ,,бомбите“ се прибавени законски, а се креирани незаконски.

„Од ,,бомбите“ најдиректно произлегува како обвинетите го сториле кривичното дело“, рече Фетаи.

Пред почетокот на седницата на Апелација, во ходникот, обвинителката Фатиме Фетаи стоеше свртена со грб кон обвинетата поранешна министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

 

 

Фото: Васко Маглешов