Специјалната јавна обвинителка, Фатиме Фетаи, која во јавноста е позната меѓу другото и по нејзиниот елегантен изглед, вчера, на судењето по предметот за насилствата во Општина Центар, се појави во судот со ташна модел „Кралица Маргот“ од познатиот бренд Гучи, која чини, ни помалку, ни повеќе 3.950 евра, пишува порталот Судство.мк .

Овој портал коментира дека во услови на голема сиромаштија во државата, предизвикана пред се од корупција и лошо управување на ресурсите од страна на властите во изминативе 27 години, безобразно е јавен обвинител кој гони корупција и прима висока буџетска плата од сиромашните граѓани да пркоси со чанта со цена повисока од просечната годишна исплатена плата во стопанството.

Редакцијата на Судство.мк деновиве го истражува имотот на судиите и на јавните обвинители. Тие веќе направиле анализа колкави се приходите на обвинителката според пријавеното во анкетниот лист, но тие никако не се совпаѓаат со она што го носи на себе и со себе како дел од нејзината гардероба.

Иајќи ја предвид нејзината јавно објавена имотна состојба од која се гледа дека обвинителката има два кредити од околу 70.000 евра, се отвора прашањето, дали чантата е „фејк“ или пак нешто „заборавила” да пријави во Државната комисија за антикорупција, пишува Судство.мк.

 

(цена на чанта со големина како на обвинителката Фетаи)