Обезглавени палми

 

Исушени, туширани, облечени, покриени палми. Сега и обезглавени. Имено, палмите со кои изминатите три-четири години се занимаваат Македонски шуми, ја засмејуваа, но и револтираа јавноста заради начинот на кој беа третирани, чувани, садени и претставувани во обид да се оправда една од поглупавите идеи Македонија да стане земја на палмите, место да се негуваат автохтоните и препознатливи дрвја, кои личат и успеваат на ова поднебје.

За 1000 палми беа потрошени над половина милион евра народни пари, а првичното објаснување дека ќе се садат само во туристичките места Охрид, Струга и Дојан се прошири и во Прилеп, Скопје и други радови низ земјата.

obobezglaveni(обезглавени палми покрај спортска сала ,,Јане Sандански,,-Аеродром)

За палмите имаше два тендери, и двата во вредност од 29.000.000,00 денари. Првиот тендер во кој се бараа 1100 палми со висина од 4 метри беше поништен, по што се распиша нов тендер за 1000 палми, но со различни висини-само 750 палми над 4 метри, 50 палми над 5 метри, 20 палми над 6 метри, 20 палми над 7 метри и 160 палми над 8 метри.

%d0%bf%d0%bb%d0%bc%d0%b8-%d0%bd%d0%b0%d1%98%d0%bb%d0%be%d0%bd%d0%b8

(зимно време ги замотуваа во најлони)

 

%d1%82%d1%83%d1%81%d0%b5%d0%b2%d0%b8(летно време ги тушираа)

 

%d0%bf%d0%b0%d0%bb%d0%bc%d0%b8-%d0%b7%d0%b8%d0%bc%d0%b0

 

(во Прилеп стеблото на палмите го замотуваа во некаква хартија)

 

 

 

 

Палмите беа само еден од нереалните, непотребни и несфатливи проекти што ги реализираше владата на ВМРО ДПМНЕ, за кои се фрлени пари од буџетот на РМ.

ako.mk