ОБСЕ/ОДИХР: Изборите беа конкурентни и демократски, но нема одвојување на партијата од државата

Вториот круг на локалните избори беше конкурентен и одржан во опкружување што ги почитува темелните слободи, иако недостатоците  од првиот круг остануваат, соопштија денеска набљудувачите на изборите од ОБСЕ/ОДИХР во Скопје. Денот на изборите генерално беше професионално менаџиран, заклучија набљудувачите. Но, забележуваат дека премиерот не успеал да спроведе одвојување на партијата од државата.

Почитуањето на темелните слободи придонесе да се спроведат демократски ибори во Македонија, е заклучокот на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР во прелиминарниот извештај.

Шефицата на мисијата на ОДИХР за набљудување на изборите, амбасадорката Одри Гловер, на денешната прес-конференција изјави дека политичките партии се бореле за поддршка и надвор од своите традиционални бази на поддржувачи, иако повремено користеле агресивна реторика, а оти имало и извештаи за изолирани инциденти или злоупотреба на државни ресурси и купување гласови.

Таа истакна дека и покрај недоволната обука обезбедена за избирачките одбори, денот на изборите севкупно бил професионално менаџиран.

Сепак според прелиминарниот извештај, премиерот Зоран Заев не успеал да спроведе одвојување на државата од партијата.

„Поддршката за самиот себеси не ја одвојува државата од партијата“-изјави Гловер.

Забележуваат дека премиерот рекол дека во оние региони каде кандидатите на ДУИ или на СДСМ ќе успеат да победат, тој ќе обезбеди  да се дадат пари за општините, изјави Одри Гловер, шеф на мисијата на ОДИХР во Македонија.

Медиумите известувале балансирано, со негативно рекламирање кај приватните медиуми.