Објавен календарот за Ф1 за следната сезона

Меѓународната автомобилска федерација (FIA) го објави календарот за следната сезона за Формула 1 кој не се разликува многу од годинешниот.

И следната сезона ќе се возат 21 трка – шампионатот ќе почне со Големата награда на Австралија кон крајот на март, а ќе заврши осум месеци подоцна во Абу Даби.

Во однос на годинешниов распоред трката во Шангај ќе биде втора во шампионатот, после таа во Мелбурн.

Своите места во календарот ги заменија и трките во Малезија и Сингапур.

Календар за Формула 1 за 2017 година:
– 26 март Австралија
– 9 април Кина
– 16 април Бахреин
– 30 април Русија
– 14 мај Шпанија
– 28 мај Монако
– 11 јуни Канада
– 18 јуни Азербејџан
– 2 јули Австрија
– 9 јули Велика Британија
– 23 јули Унгарија
– 30 јули Германија
– 27 август Белгија
– 3 септември Италија
– 17 септември Малезија
– 1 октомври Сингапур
– 8 октомври Јапонија
– 22 октомври САД
– 5 ноември Мексико
– 12 ноември Бразил
– 26 ноември Абу Даби