Полицијата во Лас Вегаса објави дека за масакрот на музичкиот фестивал во овој град се сомничи 64-годишниот белец, Стивен Педок, објави CNBC .

Во нападот со автоматско оружје врз посетители на кантри фестивал што се одржуваше  пред гостите и казиното Мандалај беј во Лас Вегас, најмалку 50 луѓе беа убиени, а повеќе од 200 се повредени. Напаѓачот беше веднаш убиен од полицијата во хотелска соба од која пукаше на посетителите на фестивалот .

Медиумите објавија дека Педок е осудуван педофил.

Тој е жител на Мескит во Невада, каде што се наоѓа и Лас Вегас. Пукал од 32 кат на хотелот.