Одложено судењето на Богоевски за 14 ноември

Судењето на Павле Богоевски е одложено за 14 ноември. По излегувањето од судница, тој изјави дека е побарано претставник на Министерство за култура да се изјасни за сторените штети за време на протестите на кои тој учествувал како дел од Шарената револуција.

odl2 odl3Како еден од најекспонираните учесници на Шарена револуција, тој пред судот ја доби поддршката од другите учесници во протестите .

Претходно, Богоевски на својот ФБ профил извести за закажаното судење. Тогаш напиша-Зврлевски не мрдна со малиот прст кога беа објавени бомбите, а со тоа и индиции за стотици, можеби и илјадници кривични дела, сега тој работи со полна пареа. Моето прво судење за Шарената Револуција е на 5ти октомври, во 11 часот, во Основниот Суд Скопје 1, објави Богоевски.

,,Обвинителството на Зврлевски ме товари за Учество во толпа што ќе изврши кривично дело (чл. 385 КЗ на РМ). За ова дело следува парична казна или казна затвор до три години.

Сакам да му скратам време на обвинителството и трошоци на државава и да им кажам: ДА, јас бев на протестот на 18ти април и бев дел од групата која Зврлевски ја нарекува „толпа“ (јас ги нарекувам соборци и соборки ).
НЕ, не признавам вина за делото за кое ме товарат. Не може системот кој дозволува Груевски и неговото здружение десет години да ја силуваат државата, одеднаш да одлучи да доделува правда за тие кои протестираат против тоа (и благодарение на кои, Груевски и останатите сега се обвинети и осомничени, а не аболицирани лица )”-напиша Богоевски.