Одобрена екстрадицијата за двајцата бегалци Грујевски и Бошкоски

 

Судот во Солун ја одобри екстрадицијата за поранешните началници на УБК, Горан Грујевски и Никола Бошкоски, јавува репортерот на ТВ 24 од Солун.

Освен за екстрадицијата, Грујевски и Бошковски имаат уште два други процеси во Грција, независни еден од друг.

Едниот е за фалсификуваните пасоши, а другиот случај е по поднесеното барање за азил на 29 ноември, процес кој може дополнително да ја забави евентуалната позитивна одлука за екстрадиција во Македонија.

Извор:ТВ 24