Одрони на повеќе патни правци, блокиран патот Кочани-Македонска Каменица

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Поради отстранување на одрони во близина на с. Истибање сообраќајот на патниот правец Кочани- Македонска Каменица е во прекин, се користи алтернативен пат Кочани-Виница-Драгобрашта-Бигла-Македонска Каменица.

Локални портали утрината предупредија дека одроните целосно го блокираа сообраќајот кој се одвива на релација Македонска Каменица – Кочани. За возачите кои тргнале од Делчево кон Скопје и обратно се препорачува користење на алтернативниот патен правец преку с.Бигла.