Од гаражите на Влада исфрлени 8 тони шут оставени за време на реновирање на зградата

Генералниот секретаријата на Влада на РМ информира дека гаражите на Влада биле затечени во катастрофална состојба.
Тие биле затрупани од градежен и друг вид на шут, стар мебел исфрлени за време на реновирање на зградата. Исфрлени се 8 тони шут:

 

За два дена биле изнесени осум камиони шут, коишто со години се трупале во гаражите и оневозможувале нормална употреба на овој простор-информираат од Влада.