Од денеска во затворски притвор се и режисерот Борис Дамовски и актерот Владо Јовановски?

Кривичен совет ги прифатил жалбите на Јавно обвинителство за домашниот притвор на шестмината обвинети  определен од судија на претходна постапка,за случајот со настаните на 27 април во Собрание на РМ.

Некои портали информираат дека од денеска и Борис Дамовски и Владо Јовановски и уште четворица обвинети за  кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик, се во притвор во истражниот затвор во Шуто Оризари.

 

Во куќен притвор, покрај Дамовски и Јовановски,   беа и М., Г.Ѓ., М.П. и Е.Д.Б.