Од денеска сите домаќинства користат евтина струја од 14-16 часот

Од денеска ветувањето за евтина тарифа на струјата е целосно исполнето. Секое домаќинство може да користи евтина тарифа на струјата секој ден од 14-16 часот, како и од 22 часот во сабота до 7 часот во понеделник. Ова значи пониски сметки за електрична енергија и повеќе пари во семејните буџети-велат од СДСМ и додаваат дека истовремено, укината е радиодифузната такса со што дополнително се намалуваат трошоците за живот и остануваат повеќе пари кај граѓаните.

По заокружувањето на промените на локалните избори, одговорниот пристап во работата продолжува и на локално ниво, кога новите општински администрации предводени од СДСМ ќе почнат да  работат одговорно и во интерес на сите граѓани-стои во соопштението.