Од петок карти, по популарни цени, за мечевите на Вардар во Лига Европа

Фановите на македонскиот фудбалски шампион Вардар кој оваа сезона за прв пат ќе учествува во групната фаза на Лига Европа, ќе треба да издвојат од 600 до 1.200 денари за поединечни влезници, а од 1.400 до 3.000 денари за блок влезници за мечевите дома против Зенит, Розенборг и Реал Сосиедад.

Продажбата на блок-болетите ќе започне од 1 септември, додека единечните ќе се продаваат од 11 септември, а истите ќе може да се набават од: Југотон, Атлантик Турс, Тобако 2 Скопјанка, Тобако Корнер Југодрво, Тобако Водњанска, Тобако СП Планет, Food bar Trend City Mall, Lounge Restaurant Trend, Telekom Trend, Киоск М1 ТЦ Бисер, Киоск М1 Кисела Вода, Киоск М1 Холидеј Ин, Киоск М1 Скопјанка, М1 Медиа Бисер, Киоск М1 Центар, Киоск М1 железничка станица, Тобако Капиштец, Тобако Гоги Драчево; Метро Аеродром Александар Велики.