Од утре, први септември,почнува двосменското згрижување деца во градинките

Од утре, први септември, започнува двосменското работење на градинките.

Двосменското работење подразбира дека опфатот и згружавањето на децата во јавните установи за деца/детските градинки ќе биде како и до сега од 5:30 часот наутро до 22:00 часот навечер, како и во првата сабота во месецот.

Исто така, во повеќе институции од утре се воведува двосменско работење. УЈП, Царинската управа, Управата за водење на матични книги, МВР, подрачните отсеци во Секторот за управно-надзорни работи, Одделот за граѓански работи, Министерството за одбрана – одделенијата за одбрана на регион со градовите и општините во состав се институциите, први ќе почнат да работат во две смени.

Работното време во овие институции ќе биде од 7 до 14.30 часот и од 14 до 21.30 часот, а ќе се работи и првата сабота од месецот, но само во една смена од 8 до 16 часот.

Од Министерство за труд и социјална политика, апелираат до вработените и директорите на јавните установи за деца/детските градинки да не ги манипулираат родителите и да не ги ограничуваат со стриктно временско згрижување на децата! Директорите се задолжени од страна на МТСП да ја спроведат Одлуката на Владата на РМ и согласно истата и потребите на родителите да го организираат работењето на установата, велат од ова министерство.