Од 200 до 600 денари билетите за мечот со Албанија

 

Сите љубители на фудбалот кои ќе сакаат во живо да го проследат квалификацискиот фудбалски меч за СП Русија 2018, помеѓу Македонија и Албанија ќе треба да одвојат од 200 до 600 денари.

Управниот одбор на ФФМ на денешната седница одлучи  во продажба да бидат пуштени влезници по цена од 200, 400 и 600 денари.

Дуелот Македонија – Албанија од седмото коло во квалификациската група “Г” ќе се одигра на 5 септември во Струмица, со почеток од 20 часот и 45 минути.