По разрешувањето од функциите директори на ПУИГ и на Македонски шуми, Цветко Грозданов и Жарко Караџоски ќе продолжат да работат во истите Јавни претпријатија и тоа со решенија за неопределено време.

Тоа си го овозможиле со менаџерските договори коишто самите ги составиле, а УО им ги прифатиле. Исто како со висината на платата којашто самите си ја определија кога беа директори.

,,Антикорупциска (онаа моралната) дава позитивно мислење на противуставниот менаџерски договор на поранешниот директор на ПУИК – Цветко Грозданов. Имено, во својот менаџерски договор, Цветко внел одредба дека откако ќе биде разрешен, ПУИК мора да го вработи на неопределено време. Ова е директно кршење на Уставот на РМ со кој се гарантира еднаков пристап до вработување на секој граѓанин. Спротивно на моралните принципи. Спротивно на своето постоење. Иако платата на Цветко согласно менаџерскиот договор била околу 95.000 денари“-напиша на својот ФБ профил Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.

Image may contain: text
Политичките функционери номинирани од претходната владејачка гарнитура, со неверојатна безобзирност, си доделувале плати, привилегии и награди, од државен буџет, поголеми и од оние на премиерот, претседателот и министрите.
Актуелната Влада донесе одлука да ги проверува менаџерските договори на директорите по Јавните претпријатија, пред да ги одобри.
НО, ОЧИГЛЕДНО ОНА ШТО ТРЕБА ДА ГО НАПРАВИ Е РЕФОРМА ВО СИТЕ ДРЖАВНИ И ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА , КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ КАКО ПРИВАТНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА, НО СО ПАРИ ОД ДРЖАВЕН БУЏЕТ.
АКО.мк