Оливер Драгојевиќ е тешко болен

Познатиот хрватски пејач Оливер Драгојевиќ е тешко болен, јавуваат денеска сите хрватски медиуми. Индекс.хр, пренесува дека на Драгојевиќ му е дијагностицирана тешка болест, но тој не сакал ништо да коментира, со образложение дека тоа е лична работа.

Од КБЦ Сплит потврдиле само дека тој се лекува на онкологија, па повеќе медиуми веќе објавија дека има рак.

Некои медиуми тврдат дека му е дијагностициран рак на белите дробови. Драгојевиќ неодамна наполни 70 години.