Оливер Ивановиќ во домашен притвор по 33 месеци поминати во затворски притвор

На лидерот на Граѓанска иницијатива на СДП Оливер Ивановиќ, по 33 месеци поминати во затворски притвор, судот во Приштина му одреди мерка домашен притвор, јавува РТС.

Апелацискиот суд во Приштина минатата недела одлучи целиот судски процес да го врати на почеток. Првостепената пресуда беше поништена. Според неа Ивановиќ беше осуден на 9 години затвор.

Владата на Србија достави гараанции до Еулекс дека Оливер Иванович ќе биде достапен на истражните органи.

Ивановиќ е обвинет за кривичното дело воено злосторство извршено врз цивили во текот на 1999 и 2000 година.

Со обвинението се опфатени и пензионираниот полковник Драгољуб Делибашиќ, адвокатот Илија Вујачиќ, правникот Небојша Вујачиќ и професорот Александар Лазовиќ, кои се обвинети за убиство и обид за убиство.

Сите петмина на почетокот на судењето се изјаснија дека не се виновни.

Ивановиќ е уапсен во јануари 2014, а судењето пред Основниот суд во Косовска Митровица, почна речиси една година подоцна, на 18 декември. Помина 33 месеци во притвор.

Ивановиќ беше еден од најактивните лидери политички лидери на косовските Срби за време на кризните години, а и по воспоставувањето мир, се до апсењето.