Кутрето кое е жртва на монструозно изживување, на кое деца му фрлиле петарда во устата, е оперирано и потребна е помош за да се спаси, информираа попладнето од здружението за заштита на животни Анима Мунди.
,, На наше инсистирање, за да му се спаси вилицата, кучето е оперирано кај доктор Марин, кој има вакви оперативни искуства и од претходно. Износот на операцијата е 7500, а секој ден престој е дополнителни 300 денари . Кој може и сака да донира нека ја контактира Мелиса 078 345 618. Воедно неопходно е негово постоперативно згрижување и ресоцијализација бидејќи е во шок“, апелираат од ова здружение.

На овој линк можете да видите повеќе фотографии од оперативниот зафат. Фотографиите се вознемирувачки:

Анима Мунди