Опозицијата се противи на владиниот акциски план за населување бегалци во Македонија

Нашиот глас да го слушне премиерот Зоран Заев и министерката Мила Царовска, бидејќи 8-ми ќе дојде за некој ден, рече градоначалникот на Неготино Ванчо Апостолов.

Вака тој реагираше  на денешната седница на матичната собраниска комисија за труд и социјала,откако  од него било побарано до 8-ми овој месец да се произнесе за националната стратегија и акцискиот план за бегалци и нивно прифаќање и сместување во Македонија.

Тој изрази незадоволство поради тоа што оние кои ја предлагаат Националната стратегија ги нема да ги слшнат граѓаните.

-РМ нема ниту потенцијал, ниту капацитет за вакво нешто, рече Апостолов, додавајќи дека 500 или 1000 мигранти само би ги зголемиле проблемите на жителите во општина Неготино.

Побара во неговата општина да се организира референдум, па граѓаните непосредно да се изјаснат по ова прашање.

Општина Дојран беше на удар од мигранскиот бран во 2015 година, рече градоначалникот на Дојран, Борче Стамов на денешната собраниска комисија.

Тој посочи дека во екот на мигрантската криза низ општината поминувале групи од по 50, 60, 100 луѓе, претежно мажи, и оти доколку сакале да направат проблеми, полицајците во општината не би можеле да се справат со нив.

Потсети дека за време на косовската мигрантска криза предвидено било одморалиштето Титови пионери да биде пренаменето за нивно вдомување, на што месното население се кренало на протести и не дозволило тие да се вселат.

Стамов истакна дека Дојран е можеби најмалата општина во Македонија со околу 3000 жители.

-Секое населување на бегалци и мигранти ќе значи силно демографско поместување во општината, појасни Стамов.

Истакна дека бегалската криза не била предизвикана по вина на РМ, ниту РМ може да ја реши, па побара Македонија да остане транзитна зона.

Претседателот на собраниската комисија за труд и социјална политика, Владимир Ѓорчев  истакна дека граѓаните на РМ треба да бидат приоритет, а не странци, бидејќи во моментот има 218 илјади невработени.

Ѓорчев рече дека со вчерашниот ребаланс на Буџетот скратени се огромни средства за повеќе ставки, средства кои треба да се искористат за граѓаните на РМ, а не за интеграција и вдомување на странци.

Тој потсети дека во 2017 предвидени се 71 проект, и оти од општините се бараат барем 100 единици локации да бидат достапни, локации за изградба на 100 згради. 100 отсто од средствата предввидени за ова ќе бидат државни пари.

Ѓорчев праша зошто овие средства не се пренаменати за вработувањ на граѓаните за РМ, за инфраструктурата во источниот дел на државата, или за депониите во Струга и Тетово.

На идејата да се изградат сместувашки капацитети за мигранти долж руатат на движење, се спротиставија и општините Кавадарци, Прилеп,Битола и Богданци.