,,Денеска се обратив на одбележувањето на државниот празник Денот на независноста на Република Македонија, 8-ми септември, во организација на ОО СДСМ Кисела Вода.

Чекорот кон слободата заедно го направивме. Исто како што на 8 септември пред 26 години граѓаните масовно, самостојно излегоа на референдумот и избраа независна Република Македонија.

Имаме златна шанса да покажеме дека можеме да бидеме подобри. Дека знаеме да бидеме подобри. И дека сакаме да бидеме подобри. И да ја осигураме иднината.

Избравме самостојно слобода, демократија и европски вредности.
Е па тоа значи подготвеност да се видиме во таа иднина.

Нека ни е честит Денот на независна Република Македонија 8-ми септември! Да живее суверена и самостојна Република Македонија!“-пишува на ФБ профилот на премиерот Заев, пренесувајќи им така на корисниците на социјалната мрежа се што се случува на настаните на коишто присуствува.

Повеќе фотографии постираат и членови на Влада:

 

  

Во Три Круши, скопско,се одржува традиционалниот осмосептемвриски пик-ник.

АКО:МК