Општина Вевчани доби донација фотелја, поранешниот градоначалник старата ја однел дома

Поранешниот градоначалник на Вевчани, Светомир Угриноски, при своето заминување од општината, ја однел фотелјата на којашто седел дома. Можеби претходно тој лично ја купил, но потегот предизвика потсмев, како и реакција од актуелниот градоначалник.

,,РАКАТА КОЈА ДАВА НЕ СЕ СУШИ!
Иако екс градоначалникот при неговото заминување со себе си ја понел и фотељата, денес од страна на Наум М. Бебекоски, Општина Вевчани доби донација нова фотеља. Историјата се повторува бидејќи и неговиот покоен татко Момчило Бебекоски при формирање на Општина Вевчани ги донира првите компјутери.
Огромна Благодарност од мое име и од името на Општина Вевчани до оваа хумана фамилија.
Уште еднаш Ви Благодариме.“-напиша актуелниот градоначалник на Вевчани, Сашо Јанкоски на својот ФБ профил.