Општина Центар размислува за поскапување на паркирањето

Градоначалникот на општина центар,Саша Богдановиќ објави дека со В.Д. директор на ПОЦ, оствариле средба за да се договорат за идниот начин за паркирање во централното градско подрашје:

,,Ќе преземеме итни мерки за намалување на загадувањето.Денеска на средба со ВД директорот на ПОЦ Вангел Андрески, ја разгледувавме можноста за зголемување на цената на паркинг картата за да стимулираат граѓаните да го користат јавниот градски превоз, со што значително ќе се намали загадувањето. Оваа одлука нема да важи за жителите на Центар, кои и натаму ќе ги користат сите поволности, но и за и сите кои работат во централното градско подрачје.
Ќе ги ослободиме тротоарите од паркирани возила, а проектот кој ќе значи поголема безбедност ќе започне да се реализира на улица „Орце Николов“ во Дебар Маало“-напиша Богдановиќ на ФБ.