Општина ,,Центар” ќе продолжи да го финансира КК ,,Работнички”

Општина Центар ја информира јавноста дека постапката за трансфер на средства од буџетот за КК “Работнички” е завршена и клубот од денеска11.01.2017) ги подмирува обврските .

Уште еднаш потсетуваме дека проблемот беше од чисто административен карактер и дека тој e надминат. Тренинзите продолжуваат со нормалната динамика, а по усвоениот Буџет за 2017 година, отстранети се сите пречки проблемите да не се јават во иднина. “Работнички” во моментов е прв на табелата и се очекува со успех да продолжи со сите натпреварувања после повеќе години на потпросечни резултати.

За општина Центар, КК “Работнички” и натаму ќе биде приоритет, а поддршката ќе остане силна и во иднина-се  вели во соопштението.