Општинска грижа за бездомните кучиња во Белград

Општина Стар град  во Белград постави куќички и обезбеди храна за бездомните кучиња и ги повика граѓаните доколку сретнат бездомни кучиња да ги донесат до пунктот во улица Македонска број 42.

Од општината нагласуваат дека и покрај хуманоста на граѓаните и невладините организации, тие сепак решиле да го направат овој чекор затоа што имале јавување од граѓани кои укажувале дека на одредени локации има речиси замрзнати кучиња на улиците.

Се повеќе примери се појавуваат низ медиумите кои покажуваат дека се зголемува свеста кај луѓето за згрижување на уличните кучиња и мачки на овие ледени температури кои го зафатија Балканот, но и Европа.

Танјуг