Оваа година како никогаш досега, прославата на верскиот празник Бадник, ден пред Христовото раѓање, стана предмет на организација и прослава на градоначалниците од СДСМ и коалицијата. Речиси сите градоначалници , на своите ФБ профили, поставија речиси идентична порака дека- деца коледарчиња, самоиницијативно посакале да им честитаат Божик, а тие со задоволство ги примиле и им поделиле коледарски пакетчиња. Најмладиот меѓу градоначалниците, Стефан Богоев, отиде чекор понатаму, па од дворот на општина Карпош, ги дочека, учествувааше во испраќањето на коледарската поворка и ги даруваше децата-коледари, кои беа под контрола на возрасни лица, кои ги водеа, редеа и придружуваа.

Богоев со задоволство констатираше дека ова е првпат да се организира ваква колективна и масовна поворка за овој најголем христијански празник, а потоа застана на чело на колоната и ја предводеше до следната дестинација:

Тој изрази надеж дека оваа нова црковна манифестација, во иднина ќе стане традиција.

Децата во раце носат Божикна пештера и пеат песна ,,Вечниот Бог“.

Групата Бадникови поворки,продуцираше и наменска божикна песна, а како еден од спонзорите во одјавната шпица се појавува дури и МВР.

Оваа ФБ група, ја организираше и возобнови, како што пишува во информациите на ФБ страницата, старата црковна манифестација на Бадникарски поворки.

Сепак, зад иницијативата стојат свештеници на МПЦ, а градоначалниците, како политички претставници на партиите изгласани на избори, се вклучија со полн капацитет . Тие, покрај другото, учествуваа со мобилизирање на децата од основните училишта, за да учествуваат во оваа црковна иницијатива.

Според податоците на иницијативата Бадниковии поворки, за најголемата поворка на деца организирана на овие простори, кога и да е , пријавени биле дури 7.320 деца!

АКО.мк