Орбан обезбедува прибежиште за Груевски ?

Виктор Орбан не само што се вклучи во кампањата на поддржуваниот од Русија поранешен премиер на Македонија, Никола Груевски, туку и сака нему и на врвните луѓе до него да им овозможи прибежиште во Унгарија, што во целост е против вредностите на само на ЕУ, туку и во Унгарија, алармира Виктор Сигетвари, претседател на Националниот политички совет на „Еѓит“ (Заедно), унгарската проевропска политичка партија, која има пратеник во Европскиот парламент, а на последните локални избори во Унгарија освои стотици советнички места во општините, пренесе Мета.

Сигетвари вели дека во последните неколку месеци владата на Орбан и неговата партија сториле сè за да ја воскреснат политичката кариера на поранешниот македонски премиер, Никола Груевски.