Османли: Во Телма беше извршен културоцид

,,Во Телма останав најдолго, цели 18 години и заедно со една сјајна екипа колеги од сите журналистички домени, полтичката , забавната, па се до културната програма во телевизијата, од она време бевме собрани повеќе од петмина писатели, (Османли, Лазаров,Де Одорико…), макотрпно го градевме и со години го развивавме тој многу важен бренд на основачката куќа ,,Макптерол“, -се до апсолутниот културоцид, којшто новиот директор на телевизискиот медиум, од само нему познати причини, го изврши некаде пред две години…Во архивите на ,,Телма“ се нашите творби, а во нашата медиумска јавност и во сеќавањата на нашите дневни и перидични продукции од културата и од уметноста“-изјави новинарот и писател, Томислав Османли во интервју за интернет магазинот Македонија денес.

Тој во ова интервју зборува и за состојбата во писателството, за улогата и придонесот на неговиот татко, Димитри Османли, за македонската и југословенска кинематографија, односот на институциите кон дејците од ваков калибар и друго.

Целото интервју може да се прочита на следниот линк Македонија денес