Осман Кадриу и Дарко Костадиновски станаа уставни судии

Универзитетскиот професор Осман Кадриу и докторот на правни науки Дарко Костадиновски, во Собрание на РМ беа изгласани за уставни судии во Уставниот суд на Република Македонија. Нивниот мандат ќе трае девет години.

Дарко Костадиновски е доктор на правни науки на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од областа на меѓународното право. Костадиновски како предлог за уставен судија, доаѓа од местото државен советник за надворешна политика во кабинетот на Претседателот на Република Македонија.

Осман Кадриу е правник и како предлог за уставен судија доаѓа од академската заедница, како професор на Факултетот за правни науки на ФОН, експерт во областа на облигационото право. Тој има повеќедецениски стаж во областа на правните науки како судија во Општинскиот суд во Кичево, член на Републичкиот судски совет и адвокат.

Двајцата се избрани по предлог на претседателот Ѓорге Иванов, а во Уставен суд доаѓаат на местото на судијките Наташа Габер Дамјановска и Гзиме Старова, на кои мандатот им заврши во октомври 2017 година.