Оставка на Ренци по пропаднатиот референдум

Италијанскиот премиер Матео Ренци даде оставка откако неговиот план за промена на Уставот не беше поддржан од граѓаните, а тој претрпе тежок пораз .

Според резултатите скоро 60 проценти од излезените гласачи кажаа НЕ за планираните реформи, а само оклу 40 проценти гласачи ги подржаа реформите

Десничарските партии не го поддржаа планот на Ренци. По објавувањето на резултатите падна вредноста на еврото во однос на американскиот долар.

Предвидените реформи ќе значеа значително намалување на овластувањата на Сенатот, Горниот дом и Парламентот, кои требаше веќе да  не се изјаснуваат за доверба на Владата, уставните прашања и други реформи. Бројот на сенатори според предложеното од 315 требаше да се намали на 100 и тие би биле именувани, а не бирани.

Исто така со реформите се предвидуваше ограничување на овластувањата на провинциите кои во Италија бројат дури 110.