Самохраната мајка Џули Бриксман, остана без работа откако фотографијата на која се гледа како му покажува среден прст на американскиот преседател, Доналд Трамп, се рашири на социјалните мрежи.

Таа возела велосипед кога крај неа поминала колоната автомобили со американскиот претседател. Нејзиното покажување на средниот прст, го овековечил официјалниот фотограф на Белата Куќа, Брендан Смијаловски, но Бриксман потоа гордо ја постирала на својот профил.

Откако се раширила форографијата, нејзиниот работодавач ,,Акима“, решил да и даде отказ!

-Тој поминуваше покрај мене и почна д ми врие крвта. Си реков, тој пак оди на неговите проклети терени за голф, “- ја објаснува својата реакција отпуштената Бриксман.