Отец Пимен: Прасето ми го извадивте низ нос

,,Се изначитав така сочни коментари за прасето, а не добив одговор на прашањето:
Што со кучињата скитници особено во малите градови?
Понуди ли некој конкретно решение за нив? Или само на интернет сме сочувствителни со кучињата, а малку послабо со сите оние луѓе што се жртви на истите?
Да им се загневте вака на кандидатите за градоначалници за да понудат решенија за овој сериозен проблем, повеќе ефект ќе имаше, отколку мене што ми го извадивте прасето низ нос.
Ајде да работиме, а не да кажуваме како треба да ни изгледа менито“-одговори Отец Пимен на бројните критики и коментари за неговиот скандалозен коментар поставен во со фотографија со печено прасе.

,,Е па анима ние се најадовме. Туку со кучињава шо правиме? Кинези да викаме?!?“-напиша Пимен на ФБ.