Откупот стопиран, грозјето скапува

– „Откупот на грозјето е стопиран! Откупните пунктови се празни, голем дел од винарските визби пред време ја завршија сезоната. Земјоделците се изманипулирани и револтирани, мака мачат како да го продадат својот род, затоа што тоа им е единствена егзистенција. Мерките на Владата уште еднаш покажаа дека се погубни за земјоделците“-реагираа на прес конференција социјалдемократите од ОО во Кавадарци.

Според нив,лажните мерки за субвенционирање на дополнителни 3 денари за откуп на вранецот и дополнителни 2 денари субвенција за откуп на смедеревката, не вродиле со плод, а земјоделците се гневни затоа што грозјето им скапува на нивите.

– „Само интеревент откуп беше решение на проблемот. Не може да се трошат 12 милиони евра за Панорамско тркало, а за лозарите да нема пари. На неодговорниот однос кон земјоделците ќе му дојде крај,порачаа од ОО на СДСМ Кавадарци.

Тие порачуваат дека по демократските промени, новата и одговорна влада предводена од СДСМ веднаш ќе донесе закон за зелена нафта, субвенциите ќе се зголемат и ќе се исплаќаат навреме, а цените на репроматеријалите ќе се намалат, додека кога има вишок на грозје, ќе се донесе одлука за интервентен откуп со цел стабилизација на пазарот.

Билјана Н. Тошевски