Охридското тло се тресеше цела ноќ

Последниот земјотрес во охридско  е регистриран нешто по осум часот. Потресот бил со јачина од 3,7 степени по Рихтер, со епицентар на 4 километри од Јанковец, и 7 километри од Ресен. Потресот бил на длабочина од 2 километри.

Ова е еден од посилните потреси кои веќе со денови ги паничат граѓаните. Вчера во Охрид се спиеше под отворено небо, а граѓаните се плашат да се вратат во домовите.

Само за неколку дена има повеќе од 1.000 потреси на тлото. Најсилниот беше вчера и беше почувствуван со пет степени по Рихтер, некаде околу 13 часот.

Изминатат ноќ, десетина земјотреси од кои најсилниот со магнитуда од 3,4 степени според Рихтеровата скала беа регистрирани во охридското епицентрално подрачје.