Очајна состојба во подрачната единица на Министерство за земјоделство во Прилеп

Во подрачната единица на министерството за земјоделство во Прилеп, вработените работат во ужасни услови,. Овие фотографии на својот ФБ приофил ги постави советничката за земјоделство на премиерот Заев, Ленче Николовска, која е шокирана од тоа што видела при посетата на бараките , во кои со децении ништо не е поправено.

 

,,Само да видите во какви услови работеле со години вработените во подрачната единица на министерството за земјоделство во Прилеп. Новиот раководител на подрачната Зоран Пачешкоски кажува дека овде било опасно по живот и буквално. Вработените пред некоја година купувале сами ќерамиди оти им течело од покривот?! А земјоделците внимавале каде стојат додека чекаат да завршат работа оти во еден момент пред тоа паднал покривот?!“-напиша Николовска.

АКО.мк