Конференцијата на УНИЦЕФ на тема ,,Види го детето, не попреченоста“, на којашто учествуваше премиерот Зоран Заев во хотелот ,,Мериот“, кон крајот беше прекината од обезбедувањето, со објаснување дека им се заканува некаква опасност.

Имено, во кујната од хотелот се вклучил алармот за детектирање пожар.

Но, ситуацијата ја смири готвачот кој дојде да информира дека алармот се вклучил заради огнот и чадот од палачинките кои се приготвувале додека траела конференцијата, а требало да бидат послужени на коктелот.

Најверојатно палачинките биле фламбирани…:)

 

АКО.мк