Паника во авион на летот Лондон-Единбург

Екипажот на компанијата „Изи џет“ на летот од Лондон до Единбург прогласил вонредна состојба затоа што на еден од патниците му се слошило, пренесуваат британските медиуми.

Пилотот испратил порака до аеродромот во Единбург дека авионот мора итно да слета, затоа што на патникот му била потребна медицинска помош.

„По слетувањето авионот го пречека екипа на Итна помош. На нашата компанија безбедноста на патниците и на членовите на екипажот е на прво место“, изјави портпаролот на „Изи џет.“

Авионот од аеродромот Гетвик во Лондон полетал во 17 часот по локално време.