Партизан го сака Горан Пандев

 

Горан Пандев е во плановите на белградски Партизан за засилување на тимот за новата сезона, во која екипата ќе игра во групната фаза на Лига Европа.

Според српските медиуми, Пандев е голема желба на „црно-белите“ кои сакаат да се засилат со неколку сериозни засилувања. Како главен иницијатор  се наведува спортскиот директор, Ивица Илиев кој веќе контактирал со македонскиот репрезентативен капитен.

Единствена пречка за реализација на трансферот би можела да биде превисоката плата кој Пандев ја добива во Џенова.

До крајот на преодниот рок останува уште една недела.