Партијата на пензионерите во Охрид ја отвори првата Канцеларија надвор од Скопје

 

 

Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ),  ја отвори првата своја канцеларија надвор од Скопје. На чинот на отворањето присуствуваа поголем број членови и симпатизери на партијата, граѓани, истакнати личности од јавниот и политичкиот живот.

Седиштето на Партијата е на Туристичкиот Булевар, во објектот – “Мини базар” на “Гранит”, наспроти ОУ “Григор Прличев”.

Присутните,  мегу кои беа претседателот на ПОПГМ, пратеникот – генерал Илија Николовски, заменик градоначалникот на Охрид M-р Ангел Јанев, во лично и во својство на претставник на градоначалникот Никола Бакрачески, потоа шефот на советничката група на СДСМ во Советот на општина Охрид и кандидат за градоначалник професор д-р Јован Стојаноски, директорот на Управата за прашања на пензионерите при Министерсртвото за труд и социјална политика Вангел Динов, и други, ги поздрави претседателот на Општинската организација, Веле Митаноски.

– Кога станува збор за Охрид, ова е од особено значење, бидејќи градот, сам по себе, е значаен не само за овдешните пензионерите, односно за полулацијата од “третото доба”, туку и од целата земја. Најнапред со убавините, со големиот број викендици и викенд становите каде, надвор од шпицот на сезоната, престојуваат постарите лица, па се до тн. здравствен туризам, односно  можностите што градот институционално ги пружа на тој план, со Кардиолошкиот центар, каде на пост – оперативно закрепнување и опоравување, доагаат главно пензионери од целата земјата, односно Специјалната болница за ортопедија и трауматологија “Свети Еразмо” – нагласи Митаноски

– Примарниот фокусот на делувањето на ПОПГМ се грижата и унапредувањето на статусот и позицијата на полулацијата од такавиканото  “третото доба”, но со своите програмски определби, е подеднакво отворена за сите грагани, без разлика на старосно доба, социјален статус, верско убедување и национална припадност – потенцираше претседателот на ПОПГМ, генерал Илија Никовски.

Годинава од придонеси за пензиско осигурување ќе се соберат 252 милиони евра. Тоа значи дотација од буџетот со цели 268 милиони евра за да се исплатат пензиите. Да видиме како понатаму во унапредувањето праватат и статусот на 300 илјадната пензионерска популација, а за која се врзани барем уште толку помлади граѓани на нашата земја.