Петмина млади штипјани тешко повредени во сообраќајна незгода

На 06.01.2018 година околу 03.50 часот на магистралниот пат Штип-Струмица се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „БМВ“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.З. (21) од Штип излетало од патот и удрило во две дрва кои се скршиле и паднале. Едното дрво паднало врз паркирано патничко возило „Пежо 206“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Е.Ј. од Куманово.

По незгодата, возачот и сопатничките М.Д. (19), М.П. (19), Т.Н. (18) и З.П. (19), сите од Штип, биле пренесени во Клиничка болница Штип каде им била укажана лекарска помош. Поради сериозноста на повредите М.Д. била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Т.Н. со тешки телесни повреди била задржана на лекување во Клиничката болница Штип, како и З.П. и М.П., кај кои биле констатирани телесни повреди. Возачот Д.З. е задржан на испитување во болницата во Штип. Увид на местото на настанот, по овластување на Јавен обвинител,  извршила екипа од СВР Штип.

Фото:Архива