Резултатите се јасни во Скопје, имаме победа во првиот круг, објави  кандидатот на СДСМ за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Петре Шилегов.

– Македонија добива главен град кој поврзува, главен град кој работи за граѓаните. Овој резултат за мене претставува голема чест, но и уште поголема обврска. Новата градска администрација што ќе ја предводам ќе биде сервис на граѓаните – раче Шилегов.

Шилегов рече дека сè уште нема добиено честитка од досегашниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски и дека очекува во текот на денешниот ден да му се јави и да го признае поразот.