Пет начини како да го уредите домот во празничен дух

Кој ќе чека до крајот на декември? Уште сега може да почнете со декорирање на својот дом или  да размислувате како да го уредите  за новогодишните празници.

Добрата организација е половина завршена  работа, затоа слободно водете се по таа девиза.

Осмислите како вашиот дом ќе изгледа  голем дел од зимата,  така што  воопшто нема да  сакате да одите некаде и да излезете од него.

Прочитајте ги  петте совети на тема празнична декорација, кои  се надеваме ќе ви бидат од помош.

1. Бои
7874160-foto-12-650-e6601d557f-1480342248-horz
Празничната декорација не мора да биде во класични бои како што се црвената и златната.

Сина, виолетова, бела, сребрена и зелена нијанса може да изгледаат подеднакво сјајно и убаво.

Кога почнувате да украсувате, водете се по она што го имате веќе дома,  украсите  и боите на вашиот дом.

Запишете си што ви недостасува и размислете како се да биде во тон.
7874460-purp-650-efc2ed5615-1480342248
2. Детали
7874110-elki-650-03368ffc58-1480342248
Деталите се многу важни. Не е се во новогодишната елка.

Најдобро од се е што некои детали може да ги направите сами и за тоа ви е потребна малку инспирација и креативност.
7874560-10421295-650-19fa61553c-1480342248
Потрудете се се да биде со вкус и мерка. Претерано китење никако не е добро, а и не е убаво.
7874660-138350_900-650-0ebdb27517-1480342248
Деталите може да ги ставите на ѕид, прозорец, полици, или онаму каде вам ви се чини дека е згодно.

3.Елка
7874510-0_d86c7_b81ddb61_xl-650-3c5dd82d49-1480342248
Елката е многу важна не само заради подароците кои не чекаат под неа.

Да се украсува елката е посебно и магично.

Гледајте и украсите да ви бидат  такви.

Покрај класиката за украсување, додадете нешто необично и несекојдневно кое секако,  убаво треба да се вклопи.
7874610-1347985090-650-4ffbbefdbe-1480342248
4. Сијалички
7874060-day1-650-34307d4808-1480342248
Каква ли е таа празнична декорација без сијалички? Затоа,  одберете ги во вашата омилена боја, но ако купите бели никако нема да згрешите.
Сијаличките не се само за елката, нив може да ги искористите при декорирањето на различни предмети во собата.
Сијаличките му даваат на домот посебен изглед и топлина.

5. Трпеза
7874360-merry_christmas_lovely_delicate_happy_new_hd-wallpaper-891531-650-2eefe3a2ce-1480342248
Кога мислиме на празниците, секако мислиме и на празничната трпеза.
Веруваме дека веќе сте размислувале што да правите, но ние ќе се потрудиме да ви дадеме некоја идеја.
Но, не е се во храната туку има нешто и во декорирањето на масата.
7874260-hslcms09magical-650-a64fe95727-1480342248
И во овој случај при китењето на масата гледајте деталите да ви бидат оргинални, интересни, практични и со вкус.

Подготви: Андријана Тарабунова