Познатата македонска пејачка,Каролина Гочева(37), на инстаграм објави фотографии од својата свадба со Михаил Корубин. Таа со својот избраник денеска стапи во брак.

Гочева е една од најпознатите македонски поп пејачки. Досега два пати ја претставуваше Маедонија на Евровизија. Има испеано повеќе поп-хитови, но и снимено неколку албуми со етно призвук, насловени како ,,Македонско девојче“.

Нејзината кариера на македонската поп-сцена започна далечната 1991 година на Макфест во Штип, кога таа имаше само 11 години.

Испеа еден од најпознатите дуети со Тоше Проески, хитот ,,Немир“.