Писателите Васил Тоциновски и Стефан Марковски на книжевна средба во Хрватска

 

 

На покана од Хрватското книжевно друштво, македонските писатели Васил Тоциновски и Стефан Марковски ќе учествуваат на 3. Меѓународна книжевно-научна средба „Петар Канавелиќ и Корчула 2017“, која ќе се оддржи на 26 и 27 мај во Корчула, Р. Хрватска.

 

Согласно програмата, средбата ќе биде отворена со изложба и сценско-книжевен настап, по што ќе следи претставување на авторите Снежана К. Тробок и Анте Зирдума од БиХ, а потоа и на двајцата македонски писатели.

По ова, предвидено е излагање на книжевно-научни трудови за ликот и делото на значајниот хрватски барокен писател, поет, драматург и правник Петар Канавелиќ (1637-1719) од неколку автори од поранешните југословенски републики.

Средбата, која ќе се одвива на четири локации ширум островот Корчула, ќе заврши со доделување награди и пофалници на учесниците на манифестацијата.

Книжевниот собир „Петар Канавелиќ и Корчула 2017“ во организација на Хрватското книжевно друштво е под покровителство на Министерството за култура на Р. Хрватска и Градот Корчула.