Победија партиите што се залагаат за независност на Каталонија

Блокот партии во Каталонија што се залагаат за независност на оваа шпанска провинција, освоија мнозинство во Парламентот на вчерашните предвремени избори. Тие имаат 70, од вкупно 135 пратенички места.

Поранешниот каталонски претседател, Карлос Пуѓдемон кој се наоѓа во егзил, порача дека победи ,,Каталонската република“ над шпанската држава.

Од друга страна, шпанскиот премиер, Маријано Рахој, порача дека сега е време да се разговара.